Поради силниот ветер во приморјето на Црна Гора, дојде до непосакуван инцидент.
Како што соопштуваат црногорските медиуми, кран падна на новоизградениот дел на хотелот „Кристал Ривиера“ во Петровец.
Во инцидентот, за среќа, никој не е повреден, но предизвикана е огромна материјална штета.