Регион 05. август 2019. / 12:39

Косовското собрание се распушта на 22 август – оди на вонредни избори

Косовското собрание се распушта на 22 август – оди на вонредни избори

Претседателството на косовското Собрание денеска го одреди 22 август како датум за распуштање на Собранието на Косово, така што ќе се оди на вонредни избори, јавува Газета Експрес.

По состанокот на Претседателството, зборуваше лидерот на парламентарната група на Демократскиот сојуз на Косово, Авдулах Хоти.

Се согласивме сите заедно дека земјата треба да оди на добро подготвени избори, сите институции да ги преземат должностите. Сите се согласивме за тоа на 22 август во 10.00 часот Собранието да се распушти, а потоа да се следат сите процедури според Уставот за да оди земјата на избори и исто така се согласивме пред распуштање да го усвоиме меѓународниот договор ИПА – рече тој.