Регион 29. март 2019. / 15:39

Косовското МВР вели дека не знаe каде се обвинетите во „Монструм“

Косовското МВР вели дека не знаe каде се обвинетите во „Монструм“

Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“.

Мустафа по денешната трилатерална тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash“, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.

Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија, изјави Мустафа одговорајќи на новинарско прашање дали има информации Демири и Исмаиловиќ и кога ќе бидат екстрадирирани.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.