Косовските специјалци загубиле доверливи документи за време на вчерашната акција оваа информација ја пренесе српскиот весник „Вечерње Новости“, наведувајќи дека доверливите документи биле пронајдени од страна на граѓаните.
За време на вчерашната акција на косовската полиција на северот на Косово, специјалците направиле катастрофален пропуст заборавајќи зад себе таен документ со детали од оперативен план за акција во кој покрај имињата на осомничените се наведени и имиња на полицајците што учествувале во акцијата за нивно приведување.