Регион 17. октомври 2018. / 23:07

Косовските пратеници не го сакаат Видовден за државен празник

Косовските пратеници не го сакаат Видовден за државен празник

Албанските пратеници, членови на надлежниот парламентарен одбор кој го разгледуваше законот за косовски празници, едногласно се против барањето на Српска листа 28 јуни, српскиот православен празник Видовден, да биде вклучен во тој акт.

Приштинска Коха пишува дека Српска листа побарала 28 јуни да се вклучи во законот за празници, но на тоа најпрвин се спротивставил пратеникот Миљаим Зека, кој тоа барање го смета за навреда за Албанците.

Зека, како што се наведува, кажал дека нема ништо против српскиот празник, но смета дека станува збор за провокативно и многу навредливо барање за Албанците.

Уште повеќе поради тоа што постои можност Србите тој ден да се појават на прославата со слики на Слободан Милошевиќ, пренесува Танјуг.