Претседателот на Косово, Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата. На прес-конференција, тој рече дека е информиран дека Специјалниот суд го потврдил обвинението за воени злосторства.
„Пред неколку моменти официјално бев известен дека судијата на претходна постапка го потврди обвинението против мене. Не се лесни моменти за мене, за моето семејство и за вас кои ме поддржувавте. Тесно ќе соработувам со правдата и од овој момент сум достапен на правдата. Денес повеќе од кога било ве молам и ве повикувам да не губите надеж, трпеливост и верба. Ве поканувам да размислите за тоа колку многу стекнавме како нација во овие три децении “, рече претседателот Тачи.