Србија и официјално испратила барање за екстрадиција на поранешниот член на ОНА, Томор Морина, кој пред неколку дена беше уапсен на граничниот премин Блаце.
Од Министерството за правда велат дека в понеделник барањето на Србија ќе биде доставено во судот, надлежен за случајот. Околу екстрадицијата на Морина, во интервју за ТВ21 говореше амбасадорот на Косово во земјава, Ѓерѓ Дедај. Според него, не смее да има екстрадиција, бидејќи како што вели, може да дојде до нарушување на меѓудржавните односи меѓу Косово и Северна Македонија.
Сепак, потсетувам дека неговата екстрадиција целосно се коси со човековите права и е незаконска и неприфатлива. Не треба да се случи, бидејќи можното екстрадирање веќе нема да биде на лична штета на Томор Морина, туку може да има последици врз меѓудржавните односи меѓу Република Косово и Република Северна Македонија. Не би сакале ваквите случаи да влијаат за можно нарушување, за кое, ние како Косово, воопшто не сме заинтересирани – рече амбасадорот Дедај.