Регион 26. јули 2020. / 14:17

Косовски аналитичари: Косово мора да се посвети на борбата против криминалот

Косовски аналитичари: Косово мора да се посвети на борбата против криминалот

По одбивањето на барањата за членство во повеќе меѓународни организации, вклучувајќи ги и Европол и Интерпол, косовските политички аналитичари сметаат дека е време Косово да се фокусира на внатрешната борба против криминалот, како и да добие поддршка од земјите што веќе се дел од тие организации, пренесува „Газета експрес“.

Политичкиот аналитичар Артон Демхасај потсетува дека Косово веќе имало неколку неуспешни обиди за зачленување во Европол и Интерпол.

Владата во целост ги запре тенденциите за членство во овие организации, затоа што е целосно фокусирана на продолжување на дијалогот. Ова беше и барање од САД, кои веруваа дека Косово не треба да инсистира на членството во Интерпол и Европол – вели Демасај.

Според него, затоа фокусот сега треба да се префрли на внатрешните проблеми, односно на борбата со криминалот и корупцијата, пренесува Косово онлајн.

Ехат Мифтарај, од косовскиот Институт за правда, вели дека за членството во меѓународните организации е потребна  поддршката од повеќето земји.

Поради сегашната состојба, ќе биде тешко да им се приклучиме, бидејќи членството во меѓународните безбедносни организации е волја на самите институции. Членството бара квалификувано мнозинство од државите што се во овие механизми. Косово се уште е далеку од членството во овие организации поради несоодветната поддршка – смета Мифтарај.