Регион 13. јануари 2020. / 19:13

Косовски амбасадор го нарече Ѓоковиќ примитивец и заостанат балкански националист

Претставникот на приштина во Бугарија, Едон Цана го коментираше на Твитер начинот на кој српките тенисери ја прославуваа победата на АТП купот во Австралија.

По маршот на Дрина, продолжија со Косово. Можеш да бидеш АТП победник, но остануваш примитивец, заостанат и обичен балкански националист и шовинист. Не е случајно што Новак Ѓоковиќ е најмалку саканиот шампион во историјата, напиша Цана.

На ова регираше директорот на канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ кој оцени дека омразата која ја изразува претставникот на Косово кон спортистите, го открива карактерот на тие шти ја изразуваат.

На Новак Ѓоковиќ кој потекнува од Косво и Метохија, сакаат да му забранат да се гордее со своето потекло само затоа што е Србин. Омразата кон спортист кој покажал дека не поднесува омраза, шовинизам и граници меѓу луѓето најдобри го открива карактерот на тие што ја изразуваат, напиша Ѓуриќ на Твитер.