Регион 06. јули 2020. / 12:30

Косовската полиција влезе во Инфективната клиника во Приштина: Повеќе луѓе делеле по еден респиратор

Косовската полиција влезе во Инфективната клиника во Приштина: Повеќе луѓе делеле по еден респиратор

Косовската полиција ја опкружи и влезе во Универзитетската Клиника за инфективни болести во Приштина, откако пет пациенти заразени со корона вирус починале од полноќ до сега во Клиничкиот центар во Косово, вкупно 12 во последните 24 часа, а роднини обвинуваат дека и по четворица биле ставани на ист респиратор.

Според „Koха“, поради влошувањето на сосотјбата со епидемијата, на Клиниката за инфективни болести се собрани сите челници од Универзитетскиот клинички центар.

Според повеќе косовски медиуми, тоа што повеќе пациенти делеле ист респиратор е главна причина за зголемениот број мртви.

Телата на починатите се земени на обдукција за да се проверат причините за смртта.

Вчера смртниот ковид-биланс во Косово е осум починати и 178 новозаразени од само 346 тестови.

Наглото зголемување на бројките и бројот на починати во текот на ноќта ги зголемило сомнежите кај надлежните. За целиот овој случај косовската Влада денес одржува и владина седница.