Регион 21. ноември 2019. / 15:26

Косовската полиција објави фотографии од двајца осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ

Косовската полиција објави фотографии од двајца осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ

Дирекцијата за истраги на тешки злосторства во соработка со Специјалното Обвинителство на Република Косово, информира дека го истражува случајот со убиството на Оливер Ивановиќ.

Според соопштението испратено до медиумите, со овластување на Специјалното Обвинителство, косовската полиција објави фотографии од двајцата осомничени за убиството кое што се случи на 16.01.2018 година во Северна Митровица.

Косовската полиција бара од граѓаните на Република Косово, доколку имаат било каква информација за двајцата осомничени, да ја известат полицијата преку бројот 080019999, на елктронската адреса [email protected] или да дојдат во некоја од полициските станици, се вели во соопштението.

Меѓу другото, според полицијата, објавувањето на овие фотографии се прави со намера за нивно идентификување од страна на граѓаните, кој што може да помогнат околу откривање на идентитетот на осомничените лица.