Косово во текот на следната недела комплетно ќе ја повлече одлуката за зголемените царини. . Според неофицијалните информации, одлуката ќе биде повлечена во вторник, за кога во Косово е закажана владина седница.
Ваквата одлука доаѓа по вчерашната средба меѓу македонскиот министер за економија, Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија, Бајрам Хасани.
Ова доаѓа по веста дека косовската Влада воведе времена мерка за зголемена царина од 30 отсто за одредени овошја и зеленчук од Македонија.