Регион 02. јануари 2019. / 22:40

Косово во тага: Почина еден од лидерите на УЧК (ФОТО)

Косово во тага: Почина еден од лидерите на УЧК (ФОТО)

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај со жалење ја информираше јавноста дека починал еден од лидерите на УЧК и негов поранешен соборец Авни Хисени.

Хисени умре како последица од мозочен удар а на неговиот погреб присустуваше државниот врв на Косово.

Тој беше обвинет од страна на Србија дека силувал жени за време на војната и дека палел српски села, но против него никогаш не беше подигнато обвинение.