Демократскиот сојуз на Косово поднесе барање до Претседателството на Косово изборот на новата влада да биде објавен на седница во Собранието во среда откако е објавена одлуката на Уставниот суд на Косово со која претседателот Хашим Тачи го именува Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз (ДСК) за мандатар за состав на новата влада.
Шефот на претставничката група на ДСК, Арбен Гаши по поднесувањето на барањето за свикување на собраниска седница изјави дека неговата партија обезбедила гласови за формирање на новата влада и дека седницата би требало да се одржи на 3 јуни со почеток во 11 часот.
Тој додаде дека денеска попладне ќе биде одржан состанок на претседателството на ДСК, на кој ќе бидат одредени министрите на партијата во новата влада, пренесува Анадолија.