Пратениците од Српската листа во Собранието на Косово се затворија денеска во пратеничкиот клуб , инсистирајќи да имаат одвоена средба со еврокомесарот Хан, кој утре доаѓа во Приштина.
–Се затворивме денеска во просториите на Собранието на Косово за да побараме итен состанок со претставникот на ЕУ кој доаѓа во Приштина, Јоханес Хан и да го запознаеме со состојбата и потенцијалната хуманитарна криза со која се соочува српскиот народ, доколку царината од 100 проценти веднаш не се повлече , изјави пратеникот Игор Симиќ.
Пратениците сакаат да го запознаат Хан со антисрпскиот потег на косовските власти и се решени да останат до утре во просториите на Собранието , се додека не се сретнат со Хан.
Еврокомесарот утре најави посети на Белград и на Приштина со цел да се запознае со состојбата по зголемувањето на владата во Приштина на царините за српски производи за 100 проценти.