Косовското обвинителство покрена постапка против шест лица кои планирале терористички напади. Шестмината , чиј идентитет не е познат се товарат дека подготвувале терористички напади и регрутирале за екстремистички групи. Лицата се уапсени во јуни годинава.
Според дел од косовските медиуми , тие планирале напади не само на Косово , туку и во европски земји , како и напади врз силите на КФОР.
Претходно косовските власти информираа дека околу 160 лица од Косово се активни припадници на екстремистичките групи во Сирија и Ирак , но и дека во последните години немало заминувања на нови терористи на овие боишта.