Во тек се уставните измени со кои Косово ќе може да регрутира околу 5.000 нови припадници на вооружените сили, кои освен со лесно, би биле вооружани и со тешко вооружување. Ова го изјави косовскиот Заменик Министер за безбедност, Бурим Рамадани, во синоќешното интервју за „Клан Косова“.
Според оценката на високиот претставник на НАТО, избрзаниот процес по ова прашање може да ја загрози воспоставената соработка и преговорите со Белград, и дека „НАТО бара овој процес да се спроведе во согласност со постоечкиот Уставот“.
– Доколку трансформацијата не се случи на правилен начин, може да ја загорози вкупната соработка. Појасно не знам како би ја кажал оваа порака, потенцира Џон Манза сектретарот на НАТО за воени операции.
На ова заменик мминистерот Бурим Рамадани, одговори дека во интерес на целиот регион е зголемената безбедност на Косово, односно дека најавените уставни промени и воените сили кои допрва треба да заживеат, се во рамките на постојните институции. Војската на Косово воопшто не би била посебна институција, туку во рамките на веќе постоечките безбедносни сили.