Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани четворица починати и 733 новозаболени од Ковид-19.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 777 од вкупно 26.121 лице кај кое е откриен вирусот од појавата на епидемијата.
Болеста досега ја совладале 16.499 лица кај кои е откриен вирусот, а актулени во моментов, според официјалните податоци, се 8.845 случаи.
Вчера се извршени 1.519, а вкупно досега 111.560 тестирања со методот РТ-ПЦР.
Поради порастот на случаите на заразени и починати од коонавирусот во последните неколку недели, косовскиот премиер Авдулах Хоти најави нови мерки, кои ќе стапат во сила в петок, на 13 ноември.
Меѓу другото, се предвидува карантин и полициски час од 19 до 5 часот во седум од општините со процентуално најголем новозаразени и починати, вклучително главниот град Приштина, кој е најголемо жариште на епидемијата