Регион 28. септември 2018. / 17:42

Косово: Кривични пријави против членови на владиниот кабинет и поротив пратеници

Косово: Кривични пријави против членови на владиниот кабинет и поротив пратеници

Косовското јавно обвинителство има покренато обвиненија против неколку членови на владиниот Кабинет за „злоупотреба на службената должност“ и за „корупција“, а со проблеми со законот се соочуваат и повеќе пратеници во косовското Собрание, пишува косовскиот весник „Зери. Претставници на граѓанскиот сектор за весникот реагираат дека транспарентно владеење не може да се спроведе со министри или високи јавни функционери кои имаат проблеми со законот.

Според дел од косовските медиуми, министрите за инфраструктура Паљ Лекај, за иновации и претприемништво Бесим Беќај и за Безбедносните сили на Косово, Рустем Бериша се некои од актуелните министри кои продолжуваат да ги водат владините ресори и покрај тоа што Обвинителството води истраги против нив.

Обвиненија се подигнати и против пратениците Зенун Пајазити, и Шкумбин Демалиај, пратеник од редовите на владејачката Алијанса за иднината на Косово за кого јавното обвинителство во Приштина побара 30 дена притвор поради обвинение дека упатувал закани кон специјалниот обвинител Елез Бљакај пишуваат косовските медиуми, додека на пратеникот Миљаим Зека, вчера му беше изречена мерка притвор од 30 дена, поради обвинение за закана кон друг специјален обвинител. Обвиненија се подигнати и против повеќе пратеници на опозициското Движење Самоопределување поради фрлање солзавец во Собранието.