Регион 12. мај 2018. / 16:17

Косово ќе ги дерадикализира џихадистите во затворите

Косово ќе ги дерадикализира џихадистите во затворите

Косово започна со програма за дерадикализирање на затворените џихадисти пеку серија предавања за опасностите од џихадизмот, соопшти новинската агенција „АФП“.

Косовското миснитерство за правда соопшти дека постигнало договор со Исламската заедница во земјата, на приведените да им бидат одржани часови по веронаука.

„Убеден сум дека организирањето на религиозните предавања за затвореницирте ќе го зголеми познавањето за опасностите од религиозната радикализација“, изјави министерот за правда во земјата, Абелард Тахири.Повеќе од 90 проценти од жителите на Косово се умерени муслимани, но во последните години повеќе од 300 граѓани се присоединија кон терористите, вклучувајќи се во војните во Сирија и Ирак. Околу 50-на од нив се убиени, а се верува дека 100 џихадисти се вратиле назад на Косово.