Два автобуси во кои се превезувале православни верници од Белград, биле каменувани на Косово, пренесе Радио Телевизија Србија (РТС).
Во нападот никој не бил повреден, а на автобусите им е причинета материјална штета.
По пријавувањето на нападот во полициска станица во Косово, верниците продолжиле кон централна Србија.