Денес на свечена виртуелна церемонија Косово и Израел ќе ја официјализраат дипломатската соработка. На 4 септември, на состанокот што со посредство на тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп во Белата куќа, меѓу другите договори кои ги потпишаа Косово и Србија беше договорено воспоставување дипломатски односи меѓу Косово и Израел.
Косовскиот премиер Авдулах Хоти на Фејсбук ја потсети јавноста дека почетокот на дипломатските односи е успех.
–Република Косово од понеделник ги формализира дипломатските односи со државата Израел, со што се отвори ново поглавје на билатералните односи и се одржува пријателството меѓу граѓаните на двете земји. Признавањето од Израел се случи на 4 септември 2020 година, во Овалната канцеларија во Белата куќа, по преземените обврски потпишани во договорот од Вашингтон. Ова е исто така успех на Владата, благодарение на принципиелната посветеност и решеност да воспостават посебни врски и стратешко партнерство со Соединетите држави. Куќата не се чува без пријатели, напиша Хоти.
Благодарност до САД преку Фејсбук упати и министерката за надворешни работи на Косово, Мелиза Харадинај-Штубла.
–Во понеделник, 1 февруари, со свечена виртуелна церемонија, ќе биде потпишано официјализирање на дипломатските односи меѓу Република Косово и Државата Израел. „Јас сум засекогашд благодарен на Соединетите Американски Држави, напиша министерката.