Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави дека имал чест да се прошета низ северниот дел од Косово и со чамец да се повози низ езерото Газивода. Тој истакна дека е езерото дел од територијата на Република Косово и за време на посетата имал посебни емоции.
Косовскиот претседател рече дека раководството на земјата и тој лично работат за создавање на ново, евроатланско и мултиетничко Косово.
„Се сретнав со некои локални Срби со кои во пријателски и срдечен разговор испив кафе. Јас им служам на сите граѓани на Косово“, изјави Тачи.
Србија обвини дека поради посетата на Тачи, косовските специјалци го зазеле езерото кое се наоѓа во близина на границата помеѓу двете земји, а имало и апсења на српско население. По информацијата за распределба на специјалните единици, српскиот претседател, Александар Вучиќ нареди највисока борбена готовност на српската армија.