Регион 21. јуни 2018. / 18:19

Косово: ЕУЛЕКС си заминува, за „крупните риби“ не важат апсолутно никакви закони

Косово: ЕУЛЕКС си заминува, за „крупните риби“ не важат апсолутно никакви закони

Мисијата на Европската Унија ЕУЛЕКС, која во Косово дојде со цел изградба на функционален правен систем, си заминува со многу песимизам. „Не гледам никакви изгледи за промена доколку мисијата на ЕУЛЕКС остане во Косово.“ вели за Дојче Веле Бернд Тран, шефот на ЕУЛЕКС.

„Знам дека генералните оценки во Унијата, во однос на нашето работење се позитивни, но доколку гледате од аголот на обичните луѓе во Косово, оценките се претежно негативни. Од друга страна, ова е прва мисија на Европска Унија од ваков тип, и тоа во држава која е премногу млада, а чии основачи тешко можат да ја разберат вистинската суштина на успешниот правен систем.“ додава Тран за Дојче Веле.

Во вториот дел од интервјуто за ДВ, Тран го објаснува проблемот со високите политички и безбедносни структури на Косово, и нивните нескриени постапки на опструкција на правниот систем, секогаш кога тие, или нивните најблиски биле засегнати. Според Тран, потребни се децении за ваквиот сериозен проблем да почне да се распаѓа самиот од себеси.