Регион 05. декември 2018. / 21:43

Косово: Царините не се насочени кон нашите граѓани

Косово: Царините не се насочени кон нашите граѓани

Владата на Косово соопшти дека даноците од 100 отсто на производи од Србија и Босна и Херцеговина никако не влијаат на народот на Косово и не се насочени против нив, а исто така, објави и листа на донации, кои како што соопштија, тие влегле во Косово од Србија без никакви пречки.

Во соопштението се додава дека на производите во личниот багаж, во вредност до 175 евра, не се применуваат мерките.

Објавената листа се однесува на оние донации кои беа одобрени на барање на четирите северни општини и на Српската православна црква и се извршени преку категоријата донации – хуманитарна помош.

На тој список се наоѓа брашно, пченка, храна, средства за лична хигиена и санитарни производи, лекови и медицинска опрема, нафта и нафтени производи за греење на детски градинки, училишта, болници и цркви.

Во соопштението се додава и дека, во согласност со Законот за царини и акцизи, постојат исклучоци кога станува збор за даноците наметнати од 100 отсто за увоз на стока од Србија и Босна и Херцеговина.