Регион 18. јули 2019. / 17:05

Косово: Албанка и Турчин уапсени поради трговија со човечки органи

Косово: Албанка и Турчин уапсени поради трговија со човечки органи

Две лица се уапсени во Приштина поради трговија со човечки органи и нелегална трансплантација на органи, соопшти косовската полиција.

Уапсена е една Албанка и турски државјанин.

Двајцата се осомничени за незаконска трговија со човечки органи и нелегална трансплантација. По налог на обвинител, против нив е покрената редовна процедура, соопшти полицијата без да наведе повеќе детали за случајот.