Регион 07. јануари 2020. / 21:28

Косоварка e уапсена зошто барала освета за иранскиот генерал Сулејмани

Косоварка e уапсена зошто барала освета за иранскиот генерал Сулејмани

Косовската полиција соопшти дека шефицата на НВО „Курани“ која активно дејствувала на Косово и искажала поддршка за шиитската секта е уапсена.

Како што е наведено во соопштението на полицијата, уапсена е зашто на Фејсбук го осудила американското убиство на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад и барала освета за тоа. Игбале Худути Бериша е уапсена од Дирекција за борба против тероризмот во соработка со Специјалното обинителсво на Косово.