Во Црна Гора регистрирани се 228 позитивни случаи на инфекција.
Од вчерашниот пресек, пријавени се четири смртни случаи кај пациенти со Ковид-19, пренесува Вијести, повикувајќи се на податоците објавени од ИЈЗ.
Вкупниот број на моментално активни случаи на коронавирус во Црна Гора во моментов е 4.047.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција со ковид-19 од почетокот на јуни е 193, а 202 од почетокот на годината.
Во последните 24 часа, пријавено е закрепнување кај 191 пациент.
Од почетокот на пандемијата, регистрирани се вкупно 13.869 случаи на инфекција со новиот вирус на корона.