Регион 25. март 2020. / 10:35

Коронавирусот ги запре криминалците во Црна Гора: 12 членови на клановите во изолација

Коронавирусот ги запре криминалците во Црна Гора: 12 членови на клановите во изолација

Националното координативно тело за заразни болести, со согласност на Агенцијата за заштита на личните податоци на Црна Гора, започна со објавување на имињата на лицата на кои им се издадени решенија за задолжителна самоизолација, а на оваа листа се и лица од интерес.

Според весникот Дан, на списокот се 12 лица кои  и се познати на полицијата и кои се занимаваат со нелегални работи главно на територијата на Црна Гора.

Наводно, на списокот на Националното координативно тело за заразни болести имало и членови на криминални кланови од Бар, Херцег Нови и Подгорица, а дел од нив не останувале на територијата на нивната градска општина со месеци, и затоа сега се подлежат на пропишаната постапка.

Инаку, откако се појави коронавирусот на територијата на Црна Гора, надлежните не забележале извршување на потешки кривични дела каде што како членови се појавуваат членовите на криминалните кланови.

Директорот на полициската дирекција Веселин Веjовиќ неодамна изјави за „Дан“ дека црногорската полиција ја следи безбедносната состојба во новите околности и продолжува да презема проактивно дејствување против засегнатите страни од безбедноста и членовите на организираните криминални групи за борба против криминалната активност.