Педесетгодишен државјанин на Италија, кој бил на поклонение на Света гора, манифестирал сомнителни симптоми на корона вирусот, по што бил пренесен во болница во Солун, соопшти АНА-МПА.
Вчера во манастирот „Хилендар“ монасите забележале дека поклоникот има кашлица и температура и го однеле во здравствена служба на светогорскиот административен центар Кареја. Од таму пациентот е однесен во болницата Ахепа во Солун.
Властите ги утврдуваат контактите на Италијанецот на Света гора. Според информацијата на АНА-МПА од Кареја, поклоникот бил во Хилендарскиот манастир во кој живеат око 60 монаси, главно од српско потекло, но исто така и во манастирот „Зограф“, населен со бугарски монаси.
Светиот Кинотис, управата на Света гора, неодамна ја разгледа можноста за затворање на Атон за поклоници, но одлучи дека тоа треба да се стори „од духовни причини“.