Регион 06. декември 2019. / 10:16

Конференција „Балкански дијалози“ во Берлин

Конференција „Балкански дијалози“ во Берлин

Во Берлин се одржува состанок наречен „Балкански дијалози“ на кој ќе се разгледуваат европските перспективи на Западен Балкан и можностите за постигнување позитивен напредок во односите Белград-Приштина.

На настанот ќе учествуваат голем број политички лидери од нашиот регион, како и влијателни дипломати од САД, ЕУ, Германија и на академската заедница.

Собирот е во организација на Институтот Исток-Запад од Њујорк, Белградскиот фонд за политичка исклучителност и Минхенската безбедносна конференција.

Косово е централна тема на конференцијата, на која ќе бидат посветени две од четирите пленарни сесии.