Бугарскиот претседател Румен Радев пресече – парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 4 април, односно една недела подоцна од претходно најавуваниот термин 28-ми март.
Веста ја соопшти самиот Радев во обраќање до нацијата. Тој изминативе денови имаше консултации со претставниците и на парламентарните и на вонпарламентарните партии.
Помалите партии бараа изборите да се одржат што е можно подоцна, додека ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов бараше тие да бидат на 28 март и го обвинија Радев дека сака да манипулира.
Радев побара од сите институции да се однесуваат одговорно и да ги преземат соодветните мерки за безбедно гласање во време на пандемија.