Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека во следните две недели може да се очекува сериозно зголемување и проширување на коронавирусот не само во Белград, туку и во цела Србија.
Како гостин на ТВ Пинк, Кон изјави дека тоа е природен тек на вирусот.
Тој исто така посочи дека не се почитува препораката за носење маски на отворено и потсети дека препораките никогаш не се даваат без сериозни основи.
„Ако не разбереме дека ова е ситуација каде што почнува да врие низ цела Европа и влегуваме во најлош период, се приближуваме кон зимата кога ќе доминираат респираторни заболувања, па така ќе биде со „Ковид“, ако не разбереме дека препораките се важни, тогаш сме во неволја“, рече Кон.