Регион 16. ноември 2019. / 16:45

Командантот на КФОР порачува дека безбедносната состојба во Косово е мирна и стабилна

Командантот на КФОР порачува дека безбедносната состојба во Косово е мирна и стабилна

Командантот на КФОР, Лоренцо Д’Адарио, истакнува дека безбедносната состојба во Косово е мирна и стабилна. Сепак, според италијанскиот генерал, потенцијална закана за безбедноста и стабилноста се политичките околности и нерешени прашања во регионот, особено односот меѓу Косово и Србија.

– Затоа мисијата на НАТО во Косово – КФОР, веќе во својот мандат создава околности што ќе овозможат политички процес меѓу Косово и Србија, дијалог што треба да стави крај на отвореното прашање на односите меѓу двете земји – изјави за Коха диторе, Д’Адарио чиј мандат истекува овој месец.

Д’Адарио додаде дека дијалогот меѓу Косово и Србија е многу важен, бидејќи ќе деблокирал многу ситуации и ќе обезбедел Косово да може да добие многу придобивки како член на меѓународната заедница.