Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, синоќа повторно запеа.
Овој пат, тој се фати за микрофонот на свечената вечера во чест на својот грчки колега, Никос Коѕијас, и му ја запеа познатата грчка песна „Ми му тимонис матиа му“. Коѕијас потоа го замолил Дачиќ да му ја отпее „Тамо далеко“ и рекол дека тоа е најубавата песна на светот. Српскиот министер, секако, му ја исполнил желбата на гостинот.