Регион 16. јули 2019. / 13:59

Колинда стана топ тема во светските медиуми: Потребно е малку насилство за мигрантите

Колинда стана топ тема во светските медиуми: Потребно е малку насилство за мигрантите

Тема во светските медиуми стана изјавата за претседателката на Хрватска, Колинада Грабар-Китаровиќ, која рекла дека хрватската полиција насилно ги враќа мигрантите од границата и дека потребно е малку насилство при спроведувањето потиснување“.

Таа наводно ова го изјавила неодамна за време на нејзиниот престој во Швајцарија на телевизијата СРФ. Како што пренесува „Индекс.хр“, проблемот е во тоа што т.н. потиснување или (pushback) е спротивно на меѓунрадоните конвенции што ги има потпишано Хрватска, а користењето насилство во тој контекст е нелегално и по меѓународното и по хрватското право.

Накратко, пренесува хрватскиот портал, претседателката признала дека Хрватска намерно ги крши законите и дека политиката на Хрватска кон мигрантите е таква што на полицијата ѝ се наложува да дејствува противзаконски.

Сега за тоа пишува и ‘Гардијан’ во статија со наслов ‘Хрватската полиција со примена на насилство протерува мигранти, вели претседателката’, кој нагласува дека добро познатата меѓународна организација за човекови права ‘Хјуман рајтс воч’ бара од Хрватска да ја прекине таквата практика, наведува порталот.

За оваа изјава на хрватката претседателка пишува и „Дојче веле“, каде што се наведува дека Хрватска систематски негирала нелегално депортирање бегалци во соседна Босна и Херцеговина, но дека хрватската претседателка признала дека полицијата со сила ги тера мигрантите преку границата, пишува „Индекс“.

Изјавата на хрватската претседателка ја пренесоа и други светски медиуми како МСН и „УС брекинг њуз“.