Регион 09. јануари 2020. / 11:15

Колинда останува во Хрватска за да се бори за заштита на жените и децата од насилство

Колинда останува во Хрватска за да се бори за заштита на жените и децата од насилство

Се уште актуелната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека нема намера да ја напушти земјата откако новоизбраниот претседател Зоран Милановиќ и официјално ќе ја преземе функцијата.

Грабар-Китаровиќ планира времето во иднина да го посвети на заштита на жените, децата и ранливите категории граѓани од насилство.

– Кога една врата ќе се затвори, друга ќе се отвори. Се гледам како се занимавам со заштита на слабите, ја промовирам заштитата од насилство врз жените и децата, но и врз животните, изјави Грабар-Китаровиќ за порталот „24часа.хр“.

Колинда најави и дека од крајот на својот мандат ќе одработи уште неколку однапред закажани состаноци и службени патувања.