Регион 29. мај 2019. / 13:02

Колинда: Кандидатурата ќе ја објавам „еден убав сончев ден“, не се плашам од никого

Колинда: Кандидатурата ќе ја објавам „еден убав сончев ден“, не се плашам од никого

Хрватската претседателка, Колинда Грабар – Китаровиќ изјавила дека кандидатурата за претседател ќе ја објави „еден убав сончев ден“, како и дека не се плаши од никого.

Веќе кажав дека повеќе пати разговарав и со Хрватската демократска заедница и со семејството и со пријателите – рекла Колинда на обележувањето на Денот на оружените сили во Загреб.

За резултатите од европските избори, таа кажала дека лошите резултати се „тренд во целата Европа“.