Регион 22. ноември 2019. / 15:21

Колинда Грабар-Китаровиќ ветува подобри плати и повеќе работни места

Колинда Грабар-Китаровиќ ветува подобри плати и повеќе работни места

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која се кандидираше за уште еден мандат, изјави дека патот кон нова победа на изборите го темели на својата програма – подобри плати и повеќе работни места.

Китаровиќ го посети штандот на задарскиот Народен плоштад, каде се собираат потписи за поддршка на нејзината кандидатура, и на граѓаните им порача да го дадат својот потпис за оптимизмот и подобрата Хрватска.

Хина пренесува дека таа кратко кажала дека нема да нагаѓа кој од нејзините противкандидати ќе се најде во вториот круг од гласањето.

Китаровиќ изјави дека нејзината програма се темели на грижата за повозрасните сограѓани, на иновациите за развој на стопанството, на економијата и демократијата, како и на борбата против корупцијата.