Регион 19. јули 2018. / 15:58

Колинда Грабар – Китаровиќ: „Со Албанците сме браќа по оружје“

Колинда Грабар – Китаровиќ: „Со Албанците сме браќа по оружје“

Хрватска силно ја подржува европската интеграција на Албанија и го поздравува напредокот, постигнат досега во исполнување на критериумите за членство во ЕУ, изјави денес во Албанскиот парламент, Хрватската претседателка Колинда Грабар- Кутаровиќ, пренесува „Вечерни лист“

– Хрватска и Албанија заедно можат многу работи да направат – изјави хрватската претседателка, дополнувајќи дека нејзината земја придава голема важност на стабилноста, безбедноста и просперитетот на југоисточна Европа и силно заговара европска перспектива на регионот.

Осврнувајќи се на „трајното и нераздвојно пријателство“ меѓу двете земји и улогата на албанското малцинство во хрватското општество, Грабар-Китаровиќ истакна дека Албанија била пријател на Хрватска кога тоа и било најпотребно на нејзината земја.

Потсетувајќи се на голем број Албанци кои се бореле во „Татковинската војна“, таа рече: Буквално бевме браќа по оружје, пред да влеземе заедно во НАТО во 2009 година. Голем број Албанци ги жртвуваа своите животи за Хрватска, и верувајте ми – Хрватска тоа нема да го заборави.