Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска ќе ја претстави програмата со што и официјално ќе влезе во трката за втор претседателски мандат.
Почетокот на капањата Грабар-Китаровиќ симболично ќе го најави на 11 ноември во 11 часот, на загрепскиот Велесаем.
Актуелната претседателка во својата програма ќе претстави седум поглавја што ги смета за клучни за нејзиниот втор мандат.
Како што наведуваат хрватските медиуми, Грабар-Китаровиќ сама ја пишувала програмата, но со совети од експерти.
Во програмата ќе ги истакне безбедноста на општеството, благостостојбата на семејството , иницијативата три мориња и демографијата.