Регион 19. ноември 2018. / 12:34

Коха: За визната либерализација на Косово гласале само две земји

Коха: За визната либерализација на Косово гласале само две земји

Групата земји членки на ЕУ искажаа голем скептицизам во поглед на одобрувањето на визната либерализација на Косово. Само две земји го поддржаа влегувањето на Косово во шенген.

Тоа го пишува во извештајот на косовското министерство за надворешни работи во кој Коха диторе имала увид. Се работи за извештај составен по состанокот одржан овој месец со претставници на 17 земји членки на ЕУ.

Извештајот го содржи ставот на секоја држава во однос на Косово, а според тој документ, загриженоста во главно се однесува на илегалната миграција во исполнување на очекувањата во врска со реформите кои Косово треба да ги исполни.

„Состанокот е одржан со претставници на 17 земји членки, од кои само Романија и Бугарија реагираа позитивно и ја поддржаа либерализацијата на визниот режим на косово. Другите земји членки иразија неодлучност или загриженост поради различните аспекти врзани за условите и очекуваните реформи“, се наведува во извештајот.