Со своја порака се обрати и екс министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.
-Денес, победи мировната политика. Тоа е итно спроведување на Договорот од Преспа заедно со пријателите од Северна Македонија со кои имаме заедничка иднина. Зоран, Никола, историјата е школо, а не затвор, напиша на својот профил на „Твитер“ поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.