Регион 24. јануари 2019. / 21:17

Коѕијас до опозицијата: Договорот од Преспа решава проблем што вие не можевте да го решите

Коѕијас до опозицијата: Договорот од Преспа решава проблем што вие не можевте да го решите

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција и потписник на договорот за името меѓу Грција и Македонија, Никос Коѕијас, денеска се обрати во грчкиот парламанет за време на дебатата за ратификацијата на договорот.

Тој изјави дека постигнале историски договор и ја критикува конзервативната опозиција поради спротивставувањето на договорот.

Договорот од Преспа решава проблем што вие не можевте да го решите, а во исто време исто така може да ја критикувате владата. Постигнавме историски договор. Не сте во можност да направите таков договор, само сакате да го искористите за свои лични промоции, изјави Коѕиас.

Коѕијас поднесе оставка во октомври минатата година кога се судри со тогашниот министер за одбрана, Панос Каменос, во врска со договорот за време на седница на владата.