Регион 07. април 2019. / 20:22

Коцијас: Преспанскиот договор ги штити и двете земји од Турција

Коцијас: Преспанскиот договор ги штити и двете земји од Турција

Преспанскиот договор ни овозможува преку влијание во Северна Македонија да се заштитите од вијанието на Турција од две страни, рече денеска поранешниот министер на Грција за надворешни работи и потписник на спогодбата, Никос Коѕијас, пренесува АНА-МПА. Тој наведе пет причини зошто спогодбата е позитивна и поради кои не треба за тоа владеачката СИРИЗА да биде „клеветена за национално предавство“.

Како прво, најпрво ја растоварува Грција и ја прави протагонист во поширокиот регион. Тоа овозможува создавање на стратешки односи со нашите соседи. Со нив создава клима на доверба.

Тој, исто така, ги намалува плановите на турските елити да ја опколат Грција со комбинирани закани од исток и север. Тоа го спречува делувањето на верските фанатични движења. Ја подобрува безбедноста во регионот и пред се во Грција.

Третата причина е дека политичките и дипломатските средства на земјата повеќе нема да бидат исцрпени за конфронтација со слаба земја. Договорот е израз на доверба со поглед на иднината, а не на неизвесностите од минатото.

Четвртата причина е дека договорот е креативен компромис што има изгледи за преживување и славење. Тој ги решава проблемите што доаѓаат од минатото, бидејќи историјата мора да биде училиште, а не затвор.

И петта и најважна причина е тоа што Преспанскиот договор ќе обезбеди услови за соработка во важни сектори за две модерни општества, гласеа петте причини на Коцијас.

Тој додаде дека Преспанскиот договор ќе бил помасовно прифатен доколку опозицијата не ја обвинила СИРИЗ за „национална клевета“ со, како што веи тој, терминологија слична на онаа на Златна зора.