Портпаролот на Европската Унија, Маја Коцијанчиќ, во име на ЕУ повика на мир и во воздржаност од сите страни по повод ситуацијата во северниот дел на Косово.
Таа истакна дека ЕУ сериозно размислува за извештаи што доаѓаат од северно Косово, каде што единиците на „РОСУ“ биле распоредени околу езерото Газивода во текот на денот.
Претходно портпаролот на „КФОР“, Винченцо Грасо изјави дека мисијата нема информации за пристигнувањето на припадници на косовските специјални сили во северниот дел на Косово. Тој за агенцијата „Танјуг“ изјави дека во тек е проверката на точноста на таквите информации и дека ситуацијата се следи.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пак наредил целата армија во земајта да биде ставена во највисока борбена готовонст, по информацијата дека косовските специјални единици „РОСУ“ биле распределени во непосредна близина на браната и вештачкото езеро Газивода.