Регион 10. септември 2018. / 15:37

Коцијанчиќ: Не е неуспех и ако нема договор меѓу Белград и Приштина во 2019 година

Коцијанчиќ: Не е неуспех и ако нема договор меѓу Белград и Приштина во 2019 година

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, денеска изјави дека не е неуспех ако нема договор меѓу Белград и Приштина во 2019 година, како што е наведено во нацрт-стратегијата за Западен Балкан.

Коцијанчиќ, како одговор на прашањето на Танјуг, дали може да се нарече неуспех ако не се постигне договор до 2019 година и во контекст на изјавата на српскиот претседател, кој во Косовска Митровица рече дека решението не е на повидок, но дека се надева дека договорот би можел да биде постигнат во текот на 10 или 20 години, рече: „За мене постигнувањето договор никогаш не е неуспех”, рече Коцијанчиќ во Брисел.

Таа не сакаше да спомне конкретен датум за постигнување договор, бидејќи тоа, како што истакнува, зависи од нивниот напредок.