Регион 25. февруари 2021. / 16:02

Клуге: СЗО и ЕК работат на донациите на вакцини за земјите на Балканот

Клуге: СЗО и ЕК работат на донациите на вакцини за земјите на Балканот

Светската здравствена организација работи со Европската комисија за координирање на донациите на вакцини за коронавирус за други земји на континентот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

 „Ние тесно соработуваме … со Европската комисија на сите нивоа за прашањето на донациите“, одговори  тој на прашање за дозите за земјите на Балканот.

Тој додаде дека Австрија ќе ги координира овие донации.