Двајца пратеници во Градското собрание на хрватскиот главен град, Даворин Карачиќ и Томислав Томашевиќ се расправале, а пцовките и заканите биле составен дел од кавгата.
Не се знае за што точно била започната кавгата, но се знае дека ја иницирал Карачиќ, кој почнал да го навреува Томашевиќ.
„Новиот пратеник на Независни за Хрватска повика на физичка пресметка, се закануваше, бараше физичка пресметка надвор од Собранието, малку фалеше да ескалира ситуацијата“, кажал Томашевиќ на паузата.