Регион 21. август 2020. / 12:29

Ќустендил не може да собере даноци од 350.000 евра од лица со двојно државјанство

Ќустендил не може да собере даноци од 350.000 евра од лица со двојно државјанство

Општина Ќустендил не може да собере над 700.000 лева или повеќе од 350.000 евра даноци и такси од регистрирани лица со двојно државјанство.

Законот не предвидува како можат да бидат санкционирани таквите должници, па и од регистрирани фирми, кои немаат свои претставници во градот.

-За да започне процедура, извршители треба на овие лица да им достават соодветни акти. Оние кои се т.н. Бугари родени во странство не можат да го добијат тој акт, зашто едноставно не се тука. А, немаат ниту законски претставник. Актите не можеме да им ги врачиме службено, зашто не се вклучени ниту во електронсдкиот систем, вели заменичката градоначалник, одговорна за финансии Надја Каратова.

Според Каратова, општината успеала да наплати заостанати долгов и од речиси 400.000 евра, но тие не се од лица со двојно државјанство.